VW – Две децении Touareg

20 години на вистинскиот курс

Со специјалниот модел „Edition 20“ се обележува дваесет годишницата на овој популарен и успешен кросовер.

Во својата актуелна генерација Touareg игра значајна улога во трансформацијата на марката во премиум сегментот. Значајно внимание е посветено на завршната обработка, детаљите и употребените материјали, па за јубилејното издание обезбедени се новата боја Meloe Blue, ексклузивни тркала од 20 инчи, цреша црвени LED задни светла, плочка на столбот Б со посвета „Edition 20“, затемнети стакла, како и лакови на тркалата и дифузер во сјајно црна боја. Внатрешноста е опремена со црни кожени седишта со светло беж контрастни врвови. Има и двојни шевови на контролната табла, на воланот и на внатрешноста на вратите. Специјалниот модел во Германија веќе може да се нарача, а од средината на јуни ќе биде достапен со четири различни мотори. Погонот на сите тркала и осумстепен автоматик се стандардни. Цените започнуваат од 77.530 евра за V6 TDI со 231 КС.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER