Пуебла работи за чичко Сем
Ниту ѕидот со Мексико не го сопре Golf
објавено 22. јануари 2021
Од претставувањето во САД продадени се скоро 2,5 милиони модели на семејството Golf. Влезот на пазарот го означи изведбата Rabbit од 1974 година која имаше 1,5 литрен бензински мотор со 70 коњи. Седмата генерација се закити со титулата Автомобил на годината во Северна Америка кога дебитираше за моделската 2015 година. За почетокот на оваа година настапот ќе биде скромен поради менувањето на производствените локации за американскиот пазар. Во понуда е добро проверена комбинација на опременост и моторизација 1,4 литарски TSI мотор од 147 коњски сили. Тој е впарен со шест-брзински мануелен или со осум-степен Tiptronic менувач. Оваа буџетна верзија се продава по цена од околу 23.000 долари која ја оправдува со разумната надворешност и несебична опременост. Веќе со моделската 2022 година, која во САД обично настапува во септември, ќе пристигне коњаницата сочинета од моќните GTI и R изведби.