Шведската компанија ќе развива и трета генерација на големиот кросовер
Иако беше планирано да биде заменет со електричниот EX90, заради промената на пазарната ситуација Volvo ќе понуди уште една генерација на XC90. Тоа за време на претставувањето на резултатите за второто тромесечие го најави првиот човек на компанијата Хакан Самуелсон кој на инвеститорите им кажа дека ќе им треба нов XC90 бидејќи постепеното укинување на моделите со мотори со внатрешно согорување трае подолго отколку што првобитно беше предвидено. Со тоа веќе е јасно дека Volvo нема до 2030-та целосно да премине на струја.
Volvo неодамна го редизајнираше десет години стариот кросовер но очигледно тоа не е доволно. За датумот за лансирање на неговата генерација не е споменато ништо, а од деталите од технички аспект дека ќе биде плаг-ин хибрид со продолжена автономија каков што е XC70 кој е наменет за Кина.


