Од претставувањето во 2014 година, Volvo по втор пат го ажурира своето големо спортско корисно возило
XC90 е сè уште убав и делува свежо. Второто ревидирање на својот „вечен“ модел е во смерот на подобра ефикасност од неговите хибридни погонски единици и надградба на внатрешната технологија и материјали.
На надворешноста се воочливи ревидираните светла наречени „чеканот на Тор“ кои се наоѓаат и кај електричниот EX90, а новата решетка со дијагонална шема ги потенцира фаровите уште повеќе.
Ентериерот е суптилно подобрен, со додавање на нови материјали и вертикален екран на допир кој сега има димензии 11,2 инчи чиј оперативен систем е преработен за да ги направи апликациите подостапни со помалку пребарувања низ менито.
Volvo истакнува дека се направени значајни подобрувања на приклучниот хибрид. Новиот T8, кој повторно спојува бензински мотор од 310 КС со електро-мотор од 145 КС, може да помине 70 км според WLTP.
Турбо моторите В5 со 250 КС и В6 со 300 коњи добија засилување во вид на благ хибрид од кого ќе профитира економичноста. Исто така, ревидирана е суспензијата и звучната изолација, па. XC90 ќе биде и потивок и поудобен.



