После големиот XC90 бранот освежувања го зафати и Volvo XC60 кој остана скоро ист од самото свое лансирање во 2017-тата
Во своето соопштение шведската марка вели дека измените се сеопфатни иако на прв поглед тоа можат да го забележа само верните нивни познавачи.
Однадвор нова е маската, задните светла се затемнети а понудата е прошарана со неколку нови бои. Внатрешноста е облагородена со нови материјали и пар изменети практични ситници како што се држачите за чаши и подобрениот индукционен полнач за телефон, а звучната изолација е поквалитетна.
Нови се и филтрите за прочистување на воздухот во кабината и ламинираните стакла, а воздушното ослонување е покомфорно. За префинетите тука се Bowers & Wilkins High Fidelity аудио системот и централниот екран од 11,2 инчи со поголема резолуција и побрза електроника.
Други унапредувања скоро и да не се споменуваат што значи дека Швеѓаните се сосема задоволни од продажбата на овој модел за кој лани во Европа се одлучија 82 илјади купувачи.



