Volvo Trucks – И струја и водород

Volvo Trucks останува доследен во своите напори за декарбонизација на транспортот.

Меѓу другото нивната работа резултираше со нов електричен камион за долги релации. Претставува значаен чекор во сегментот на тешките возила бидејќи со едно полнење на батериите може да помине 700 километри.

Користи нова погонска технологија со оска со интегриран електромотор од 623 коњски сили и шестстепен менувач која овозможува повеќе простор за батериите. Ги има вкупно осум а нивното полнење со висока моќност овозможува за постигнување од 20 до 80 проценти од капацитетот

да требаат околу 50 минути што се вклопува во законски пропишаните паузи за возачите. Истовремено се започнати и тестирањата на патиштата на камионите што се задвижуваат со мотори со внатрешно согорување кои како погонско гориво користат водород.

За да се постигне тоа прво под висок притисок се вбризгува мала количина дизел колку да се иницира палењето на горивото а потоа во цилиндрите се доведува водород. Оваа технологија всушност не е нова и Volvo ја користи кај своите камиони кои за погон користат природен гас.

Пазарното лансирање е планирано за 2030-та година. За уште подалечната иднина шведската компанијата се има здружено со Daimler за заеднички развој на тешки возила со горивни ќелии, на кои од неодамна им се придружи и Toyota.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER