Историско полугодие
Зголемувањето се должи на големата побарувачка во Кина, САД и Европа
објавено 05. јули 2021
Воздржаната атмосфера кај сите производители на возила ја разигра Volvo објавувајќи го најдоброто полугодие според продажба во својата историја! Во споредба со истиот период во пандемичната 2020 пласманот на глобално ниво е зголемен за 41%. На сите пазари Volvo бележи раст поголем од 45% додека во Европа бележи „само“ 35,4%. Изразено во апсолутни бројки првите шест месеци на годинава забележани се 380.757 продажни договори што е за 110.795 повеќе отколку лани. Лидер во продажбата во првите шест месеци на годинава беше ХС40 со 118.121 примерок, со 113.500 примероци го следи ХС60 и најскапиот модел ХС90 забележа 54.177 парчиња, но е за 17.000 повеќе од лани. По детални информации за продажбата по региони во приложената табела.
| Јуни | Јануари – Јуни | |||||
| 2020 | 2021 | Раст | 2020 | 2021 | Раст | |
| Европа | 28,314 | 28,695 | 1.3% | 123,191 | 166,822 | 35.4% |
| Кина | 15,105 | 16,680 | 10.4% | 65,741 | 95,252 | 44.9% |
| САД | 10,385 | 12,258 | 18.0% | 43,255 | 63,754 | 47.4% |
| Други | 7,679 | 10,591 | 37.9% | 37,775 | 54,929 | 45.4% |
| Вкупно | 61,483 | 68,224 | 11.0% | 269,962 | 380,757 | 41.0% |


