Volvo – Мулти-адаптибилен сигурносен појас

Инженерите на Volvo развија нов тип сигурносни појаси кои се прилагодуваат на патниците во автомобилот и конкретната ситуација.

Главна разлика од класичните системи е што новите појаси имаат повеќе начини на делување на затегнувачите чија работа ја контролира електрониката од податоците што ги собираат сензорите внатре и надвор од возилото.

Така покрај насоката и брзината на ударот како параметри се земаат во оглед и градбата и тежината на секој патник поединечно. Заслужен за создавање на овој систем е центарот за безбедност на Volvo кој одбележува 25 години од неговото основање.

Настана како потреба за централизирање на ресурсите и напорите на компанијата поврзани со безбедноста во возењето и оттогаш важи за една од најнапредните лаборатории од ваков вид во светот. Посветеноста во работата на овој центар беше и основа Volvo да си постави цел во догледна иднина никој да не загине во нивните возила.

Како мултифункционален објект што им овозможува на инженерите да рекреираат безброј сообраќајни ситуации и несреќи, центарот за безбедност на Volvo располага со две тест патеки долги 108 и 154 метри.

Пократката е дури и подвижна и може да се постави под агол меѓу 0 и 90 степени, а при тестирањата на судирите автомобилите постигнуваат брзина и до 120 километри на час. Заедно со уште околу дваесетина други фиксни и подвижни препреки, фронталните и страничните краш-тестови се изведуваат во бариера тешка неверојатни 850 тони.

Во состав на овој центар делува и посебен тим за истражување на сообраќајни несреќи кој има за задача да собира податоци директно од терен. Мулти адаптибилните сигурносни појаси ќе почнат да се вградуваат во EX60 најавен за 2027 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER