Volvo – електрификација камиони

Поглед во иднината

Тешката артилерија на струја

Volvo ќе започне со производство на тешки електрични камиони во втората половина на следната година.

објавено 30. јуни 2021

Во планот за електрификација на својата гама камиони Volvo првично ќе се сконцентрира на влекачите. Во втората половина на идната година на електричен погон ќе бидат понудени преставници на линиите FH, FM и FMX кои носат батерии. Тешките камиони за регионален транспорт и градежната индустрија имаат бруто тежина на возилото до 44 тони и се достапни во две алтернативни висини на шасијата, со различно меѓуоскино растојание и во конфигурации со две, три или четири оски.

Три електромотори им овозможуваат на возилата вкупна моќност од 490 kW (666 КС) и вртежен момент до 28.000 Nm. За локална и урбана дистрибуција и управување со отпад, Volvo веќе ги претстави FE Electric и FL Electric. Покрај FH Electric, FM Electric и FMX Electric, програмата вклучува и Volvo VNR Electric за пазарот во Северна Америка.