Volvo Cars – Смена на врвот

Џим Руан го наследува тронот!

Новиот кормилар треба да ја електрифицира целата гама

Искусниот менаџер Џим Руан, како нов извршен директор, е наследник на Окан Самуелсон на водечката позиција во Volvo. Со богато интернационално искуство, 56 годишниот Шкотланѓанец ќе го насочи шведскиот производител на автомобили кон целта до средината на деценијата половина од гамата да биде сочинета од целосно електрични автомобили. Ова е само меѓу фаза, бидејќи Volvo се обврза до 2030 година да произведува исклучиво електрични возила. Глобалното искуство на Руан во дигитализацијата, иновациите, инженерството и синџирите на снабдување ќе биде вредно за реализирање на стратешките амбиции. Роуан беше извршен директор на Dyson помеѓу 2017 и 2020 година, кога британската технолошка компанија развиваше електричен автомобил, идеја од која не излезе ништо. На новата функција стапува на 21. март. По истекот на менаџерскиот договор, Окан Самуелсон останува под закрилата на мнозинскиот сопственик,  кинеската Geely Holding, и ќе продолжи да го води Polestar.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER