Volvo со нов дом во Македонија

Македонија

Volvo со нов дом во Македонија

Новиот модерен продажно-сервисен центар за Volvo во Македонија започна со работа

Објавено на 28 јуни 2019 година

Тоа што вети, го исполни – пред големиот број присутни гости Премиум АГС го отвори првиот специјализиран продажно-сервисен центар за Volvo во Македонија. Направен е според највисоките стандарди на марката и на сите сегашни и идни сопственици на шведските автомобили ќе им понуди комплетна услуга на едно место. Во големиот и простран продажен дел ќе бидат изложени најатрактивните модели, а свое место ќе имаат и сертифицираните половни возила. Претставниците на компанијата не го криеја задоволството од сработеното, давајќи им на сопствениците на возила од оваа марка уште едно ветување – дека нивните автомобили ќе бидат во добри раце. За тоа ќе се погрижи стручно пополнетиот тим од сервисот, чие опремување е во финална фаза. Битно е да се напомене дека во него ќе можат да се вршат интервенции и на возилата со хибриден погон, чија понуда во иднина ќе се зголемува.

Почетокот на работата на новиот центар на Volvo ќе биде проследен и со повеќе нови активности кои увозникот на оваа марка ги има испланирано. Една од новините е и воведувањето на специфичен систем на работа на сервисот со кој ќе се скрати времето на работа и зголеми квалитетот на услугите. Втор значаен момент ќе биде воведувањето на нови видови финансисрање на продажбата, па дури и претплата за користење на автомобилот место негово купување.

клучни зборови: