Нови изведби од 7,5 и 12 тони
Додека кај клиентите е уште во фаза на тестирање верзијата со вкупна носивост од 16 тони, Volta Trucks најави уште две помали изведби. Според нивните ознаки 7,5 и 12 јасно е дека тие се одредени според нивниот капацитет за теглење на товар. Кога ќе бидат дел од редовното производство тие ќе ја комплетираат целосно електричната гама Volta Zero. Новите камиони имаат „близок, но еволутивен визуелен однос“ со поголемиот камион од 16 тони. Неговата комерцијална премиера се очекува во втората половина на годинава, а за идната е закажан почетокот на производство и на поголемиот модел 18. Според извршниот директор на Volta, Еса Ал-Салех, веќе во 2024 се очекува реалното тестирање на најавениот тандем од средната категорија.
Доколку се задржи досегашната аналогија, реално е да се очекува тие да влезат во редовно производство во 2025-та година. Проектираната цел е продажбата до тогаш да ја намине границата од 27.000 возила годишно. Камионите од 7,5 и 12 тони ќе бидат визуелно идентични напред, но верзијата од 12 тони ќе има малку подолга шасија и каросерија, како и втор сет на задни тркала и гуми. Возачите имаат широко видно поле, додека со помош на камерите овозможен е темелен приказ на целосната околина од птичја перспектива. За тест фазата ќе се направат по два камиони од секоја модел.


