После три генерации германскиот производител би можел без наследник да го испрати во пензија својот прв SUV
Доколку се остварат предвидувањата Volkswagen ќе запре со производството на Touareg идната година за повеќе да се посвети на своите помали модели. Првиот европски непремиум SUV се појави во 2002 година и со својата цена која стартуваше под 40 илјади евра започна да го дефинира пазарот. И покрај проблемите заради немањето искуство во оваа област, стартот беше очекувано добар. Купувачите го прифатија а VW им се оддолжи со широкиот опсег мотори кои се движеа од дизелскиот R5 со 163 коњи до масивниот W12 кој испалуваше 450 коњски сили. Втората генерација се појави во 2010-тата а третата од 2018 година воопшто не стигна до Америка.
Одлуката да не се понуди директен наследник можеби е неочекувана заради релативно стабилната продажба последниве години, но сепак беше најавена со лансирањето на Tayron ко според димензиите е многу близок до него. Заминувањето на Touareg може да се смета и како симболичен крај на една ера во која за VW немаше граници и кога се обидуваше да им конкурира на премиум марките, додека денес фокусот е целосно поинаков.
Повеќе информации за сегашната генерација на Touareg можете да прочитате тука.



