Volkswagen Polo – Во март 2025 полни 50 години

Од 1975 година, Polo живее во својата шеста генерација, забележи повеќе од 20 милиони продадени примероци и беше четири пати по ред Светски шампион во рели

Кога VW Beetle требаше да биде заменета во 70-тите, Volkswagen имаше неколку модели во ракавот: Passat излезе на пазарот во 1973 година, една година подоцна од Golf, додека Polo го имаше своето деби во 1975 година.

Малиот автомобил претставен во март 1975 година беше базиран на Audi 50. Во малку изменета форма, тој влезе во сериско производство во Волфсбург како Volkswagen Polo. Со секоја генерација, малиот автомобил се развиваше дополнително.

Во 1981 година настапи Polo II кој донесе голем број подобрувања, вклучувајќи повеќе простор и удобност, како и модернизирани мотори. Следеше уште еден скок напред во однос на технологијата со третата генерација од 1994 година. Polo III беше едно од првите возила во својата класа со иновативни безбедносни карактеристики како што се воздушните перничиња.

Во 1998 година, Polo за прв пат доби GTI изведба. Со значително зголемување на големината, четвртата генерација понуди ново ниво на удобност и безбедност од 2002 година, со предни и странични воздушни перничиња, серво волан и ABS како стандард.

Во Polo V се воведоа мноштво дигитални иновации. Од 2009 година, системите за инфозабава и помош на возачот го направија возењето поудобно од кога било. Оваа генерација импресионираше во мотоспортот.

Со Polo R WRC, Volkswagen ја освои титулата Светски шампион во рели за 2013 година и тој успех го прокнижи четири години по ред. Шестата генерација лансирана 2017-та се базираше на платформата MQB и постави нови стандарди на поврзување, безбедност и динамика на возење.

Polo стана уште подигитален и иновативен со еволуцијата на моделот од 2021 година. Компактниот автомобил може да се пофали со системи за помош и удобност кои инаку се познати само од повисоките класи на возила. Својата 50 годишна кариера Polo ќе ја обележи на повеќе настани годинава, а првиот е саемот на класични автомобили во Бремен кој ќе се одржи од 31 јануари до 2 февруари 2025 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER