Volkswagen на нова мака

Можен прекин на производството на некои клучни модели

Заради проблеми во снабдувањето на некои компоненти пред сé полупроводници, Volkswagen се подготвува за можен прекин на производството на некои клучни модели вклучително и Golf. Според интерни извори компанијата засега располага со доволно залихи но нарушените текови на снабдување ќе се одразат на обемот на работа, најмногу во главната фабрика во Волфсбург. Една од опциите кои се разгледуваат е скратување на работното време за дел од вработените но ако кризата продолжи неминовно ќе дојде до привремен прекин на производството. Колку е критична ситуацијата покажуваат и проценките дека до тоа може да дојде веќе за некоја недела. Ако тоа се случи најверојатното сценарио би било да се запре со производство на Golf за обемот на Tiguan да може да се прилагоди. Корените на оваа криза лежат во Nexperia која е во кинеска сопственост заради што нејзиното работење е подложно на расположението на САД. За да се спречи ескалацијата владата на Холандија ја презеде контролата но ефектите испаднаа негативни – како реакција Кина забрани извоз на одредени компоненти и производството на чипови во Nexperia делумно е прекинато.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER