Volkswagen – Golf 8.2

Golf се произведува 50 години. По тој повод иконскиот модел е освежен со фокус на инфозабавниот систем и рационализирани мотори

Осмата генерација на Golf доби суптилни стилски промени. Предницата сега е  поуредено и појасно исцртана од претходно, особено во основниот модел и во варијантите фокусирани на удобност наречени Life and Style, додека пак изгледот и опремата R-Line и варијанти GTI и GTE изгледаат агресивно како и секогаш.

Во кокпитот доминира нов централен екран, кој е достапен со дијагонала од 10,4 или 12,9 инчи и претставува вистински скок напред во споредба со претходниот модел. Има трајно програмирана лента со функционални копчиња чувствителни на допир на горниот и долниот дел од екранот, а лизгачите на сензорот под екранот конечно се осветлени.

Немирните сензорски површини на воланот се минато, таму повторно има физички копчиња. Новиот инфозабавен систем преку кого се контролираат бројните системи за асистенција, не само што е полесен за користење, туку и реагира значително побрзо од порано.

Погонското портфолио е реорганизирано. Од понудата е исфрлен еден литарскиот трицилиндерски мотор и сега понудата започнува со 1,5-литарски бензински четирицилиндраш од 115 КС споен со рачен менувач со шест степени. Истиот мотор е понуден и со 150 коњи. Во случај да сакате автоматски менувач со двојна спојка со седум брзини, можете да добиете хибридизација од 48 волти.

Во понуда се два приклучни хибриди кои овозможуваат до 100 километри на струја. Тие се впарени со дво литарски бензински мотори и шестстепен автоматски менувач со двојна спојка, кои имаат системска моќност од 204 и 272 КС. Помоќниот модел се нарекува GTE.

Спортскиот GTI располага со 265 КС и сега е достапен само со седумстепен автоматски менувач. Дизелскиот топ модел GTD исчезна од понудата. Постојат само две варијанти, секоја со зафатнина од два литри. Онаа со мануелен менувач има 115 КС додека со DSG е со 150 КС. VW веќе најавува дополнителни изведби.

Тоа ќе бидат помоќниот GTI Clubsport,  TSI со погон на и врвниот Golf R со веројатно значително повеќе од 300 КС. Во понудата останува Golf Variant во сите верзии освен plug-in хибридната и GTI.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER