Волга се враќа

Русите оживеаја уште една марка автомобили

Долго се зборуваше дека после Москвич Русите ќе ја оживеат и прочуената од советско  време Волга. Сега тоа и официјално се случи – во склоп на една индустриска конференција која се одржува во Нижни Новгород беше прикажана серија нови возила на реинкарнираната марка. Носител на проектот е концернот ГАЗ кој таму има своја фабрика во која до 2022 година се монтираа возила на Volkswagen и Škoda.

Стратешки партнери, јасно, се Кинезите, поточно Changan, кој несебично отстапи три свои модели за идната гама на Волга. Така лимузината Raeton Plus ќе стане Волга C40, компактниот кросовер X5 Plus ќе се трансформира во Волга K30, додека од кросоверот со средна големина Uni-З ќе произлезе Волга K40. Сите три кинески модели се редизајнирани со посебен изглед на предниот дел, нови браници и хромирана маска во стил на некогашните модели на ГАЗ. Погонот кај сите го дава 1,5 литарски турбо бензинец со 188 коњи, а менувачот не е прецизиран.

Прв во производство ќе влезе C40 до крајот на годината, а потоа ќе следат кросоверите. План е постепено да се премине од монтажа на поцелосен процес на производство, со заварување и лакирање на каросериите, за што ќе бидат вложени околу 60 милиони евра. Цените не се објавени ниту пак обемот на производството, но важно е дека ниту еден од наведените модели на Changan не се продава во Русија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER