Во име на екологијата!
Во овој момент 79 мотори од гамата на Opel ги исполнуваат Euro 6d-Temp еколошките норми
Објавено на 12 јуни 2018 година
Цели 14 месеци пред септември 2019-тата кога новите Euro 6d-Temp еколошки норми ќе станат задолжителни за сите автомобили, вкупно 79 мотори на Opel веќе ги исполнуваат. Строгите ограничувања во поглед на еколошката прифатливост стануваа приоритет во развојот и затоа од клучно значење е вниманието посветено на тоа. Во склоп на старото семејство Opel имаше големи трошоци за имплементација на новите норми заради лимитираното пазарно присуство во глобалниот систем. Тоа и често се споменуваше како причина за таложењето на загубите, Сега тие пречки се отстранети и резултатите веќе се гледаат. Новата стратегија е Opel да има водечка улога во имплементацијата на идните европски стандарди за емисии, кои веќе се имплементирани кај моторите на Adam, Karl, Corsa, Astra, Cascada, Insignia, Mokka X, Crossland X, Grandland X и Zafira.
Дополнително, како што кажа извршниот директор задолжен за инженеринг Кристијан Милер, следните чекори се четири електрифицирани модели до 2020 година, вклучувајќи ги и целосно електричната следна генерација Corsa и Grandland X како прв plug-in хибрид, а до 2024 година целосна електрификација, со хибридни или електрични верзии на секој модел од патничката гама.