Виетнамците се истоварија во Европа!
Вториот чекор кон глобализацијата VinFast го прави на Стариот континент
Годинешниот Светски конгрес за мобилност оджан во Барселона беше местото од каде виетнамскиот новодојденец на електричната сцена ѝ се оддолжи на Европа. По светската премиера во Лос Анѓелес на електричните VF 8 и VF 9, на теренот во Барса се преставија и на европската публика. Во соработка со студиото Pininfarina, спортско-корисните возила на VinFast имаат модерен дизајнерски јазик, стилска појава и решенија својствени за премиум марките. Двата модели имаат уникатна персоналност со комбинација на спортски линии растегнати во форма на лимузина со контура на теренец. Внатрешноста е оформена да пружи премиум естетика и ергономија поткрепена со неизбежните големи монитори. Виетнамците се држат до своите планови според кои комерцијализацијата во Европа треба да започне во втората половина на годинава, а во следниот период ќе бидат објавени техничките спецификации и цени.



