Со Polygon францускиот бренд ја погреа иманигацијата на љубителите на четири тркала. Од Елисејските полиња дојде детален приказ на иднината што ја најавува Peugeot, а таа се однесува на новиот дизајнерски јазик, новите технологии што ќе бидат имплементирани во идните модели и, според редоследот на обновувањето на моделската палета, можеби дава срамежлива најава за следната генерација на 208.


