Bentley на моќен начин ги покажа перформансите што ги нуди ултимативниот Supersports чии 500 примероци веќе се распродадени. Со сестраниот американски возач и каскадер Тревис Пастрана зад воланот, неговите 666 коњски сили буквално жареа и палеа низ седиштето на компанијата во англискиот Кру. Многу зборување не е потребно ова видео ќе овозможи да се доживее возбудата од прославата на силата на британската марка и мајсторските вештини на Пастрана.


