По 91-ви пат се одржа Салонот на автомобили во Париз. Годинешното биенале покажа дека пост пандемиската анемија се надмина и веќе може да се каже дека полека се враќа стариот сјај. Повеќе од 60 премиери, повеќето концепти, ја воодушевија автомобилската публика. Уште еден куриозитет. Две третини од присутните производители на автомобили беа кинески. За разлика од 2024-та година кога беа 10, годинава се двојно повеќе. Групацијата Stellantis париската смотра ја смета за домашен терен, па нормално е да започнеме со нејзините француски членови.


