Според непишаните правила прво се лансираа седаните, па потоа нивните каравански верзии. Audi сега ги измеша картите. Го претстави новиот A6 Avant e-Hybrid преку кого најавува уште неколку изведби. Тоа секако дека ќе биде еквивалентниот седан, а се очекува низата да ја продолжат изведбите A6 Allroad и RS6.
