Vespa Roma 2026 – 80 години икона заврши во Рим

За четири дневната прослава на 80-от реденден селото Vespa во Foro Italico пречека повеќе од 50.000 посетители

Уште еднаш, Vespa докажа дека е уникатен бренд, способен да ги собере ентузијастите од пет континенти, инспирирани од чиста страст за иконскиот италијански скутер.

Порака што Vespa продолжува да ја пренесува низ целиот свет е радост за живот што произлегува од заедничка страст. Во текот на четирите дена свечености, Vespa Village во Foro Italico им посака добредојде на повеќе од 50.000 посетители, забавувајќи ги со музика, настани, изложби, продавници, како и улична храна и целодневна забава на сцената на Radio Deejay.

Вљубеници во Веспа се собраа во Рим од целиот свет, предводени од огромните традиционални контингенти од Германија, Франција, Обединетото Кралство, Шпанија, Австрија и Швајцарија, но и од други континенти.

Имаше Весписти од Австралија, Хонг Конг, Мексико, Аргентина, Филипините, САД, Канада, Колумбија, со официјални делегации кои претставуваа вкупно 67 национални Веспа клубови,

меѓу кои се вброија и членовите на Веспа Клуб Скопје. Спектакуларната голема парада во саботата го сруши секој рекорд на посетеност, со 25.000 Веспа скутери продефилираа низ улиците на Рим.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER