Insignia го напушта Обединетото Кралство
Британскиот клон на Opel одлучи Insignia да престане да се нуди во Обединетото Кралство. Неодамна Vauxhall потврди дека лимузината нема да има наследник во следниот период. Opel уште неколку години ќе продолжи да ја произведува Insignia за Европа и останатите пазари сé додека не дојде редот на потполно електричен наследник, најверојатно во форма на кросовер. Според официјалната изјава одлуката да се укине овој модел е донесена во согласност трендовите на пазарот и компаниската ориентација кон електрификацијата. Компанијата сака да биде производител со целосно електрифицирани возила до 2024, пред да премине само на БЕВ до 2028. Актуелната генерација на Insignia беше претставена 2017 и е единствен модел на Opel/Vauxhall што е развиен пред да се интегрира со РЅА, а сé уште се произведува. Во Австралија се продава како Holden Commodore, а во САД е Buick Regal. Insignia не е единствениот традиционален седан што го напушти пазарот на Обединетото Кралство. Намалувањето на продажбата на седаните предизвика масовно напуштање на сегментот од страна на не премиум марките. Всушност таму се нудат уште само Peugeot 508, VW Passat и Škoda Superb.


