Uber – алијанса со Renault и Nissan

Top News

Амбициозен план

Renault и Nissan потпишаа меморандум за разбирање со Uber за електрификација на флотата со која ќе ги превезува Европските патници.

објавено 11 септември 2020

Според меморандумот компаниите ќе ја истражуваат можноста за стратешко партнерство за да им овозможат на партнерите во работата (возачите) поволни електрични возила на европските пазари. Фокусот е на неколку држави, пред се Обединетото Кралевство потоа Франција, Холандија и Португалија. Ова следи по успешно спроведената пилот програма во Обединетото Кралевство помеѓу Uber и Nissan. Веќе подолго време Uber ја бутка својата платформа да стане превозник со нулта емисија на издувни гасови. До 2025 година се планира 50% од извозените километри ангажирани од Uber да бидат со електрични возила. Оваа намера треба да се оствари во седум европски метрополи и тоа Амстердам, Берлин, Брисел, Лисабон, Лондон, Мадрид и Париз. Воедно, овие градови ќе остваруваат 80% од Европскиот бизнис на Uber до крајот на 2021. Според потпишаниот меморандум, компаниите ќе истражуваат како заедничката работа може да го забрза прифаќањето на електричните возила и електричниот еко систем на Европските градови. Ова ќе се базира на три точки и тоа овозможување на Uber возачите полесен пристап до Renault ZOE и Nissan LEAF и идните електрични возила, проширување на пилот програмата во Франција до крајот на годинава и оценување на можноста на проширување на програмата на Холандија, Португалија и другите пазари како и лансирање на заеднички маркетинг и едукација за промовирање на електричните возила. Несомнено дека и двете страни имаат силен интерес за реализација на овој проект, а бенефитот ќе го има целиот стар континент со значајно намалување на вкупниот волумен на штетни гасови генерирани од возилата во метрополите.