Успешен старт на македонските возачи
Победи на Владимир Тренески и Давид Малинковски на првите две трки од Twingo Cup
На стартот на новата сезона во Twingo Cup пикантниот гулаш забиберен од мокриот асфалт беше послужен на Хунгароринг. Во организација на Аутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје, викендов се возеа првите две трки дел од календарот за 2022 година. Во променливи метеролошките услови најдобро извозеа Владимир Тренески и Давид Малинковски. Тие победија на двете трки одржани во неделата, а Малинковски заедно со Зоран Мираковски беа единствените возачи кои на двете трки успеаја да се качат на пиедесталот. Актуелниот првак во првенството на Македонија во Twingo Cup, Малинковски е лидер во генерален пласман со 35 бода од двете трки. Следните ќе се одржат на преостанатите пет патеки по истиот принцип.


