Twingo Cup – Викендов се вози во Австрија

Претстојниот викенд на вљубениците во октаните ќе биде интересен поради одржувањето на втората трка од Твинго куп кој се бодува и за домашниот шампионат. Покрај рекордниот број пријавени учесници, вкупно 34, ќе возат на двете планирани трки, во Сабота и во Недела, меѓу кои и деветмина Македонци. Познатата патека Ред Бул Ринг во Австрија викендов ќе биде домаќин на втората трка од првенството на Twingo Cup тркачка серија. Македонските возачи за Австрија патуваат во „полн состав“. За Марко Блажевски Австрија ќе биде место повторно да потврди дека вози одлично сезонава, и да го потврди оптимизмот со кој влегува во третата сезона. Се очекува релативно брза трка, со многу „фирунг возење“ (еден позади друг). Прогнозите се дека ќе има „влажен“  тркачки викенд во Австрија, со можен дожд, кој ветува уште повозбудливи трки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER