Теренски оперативец
Новата лимитирана серија од 250 примероци со разумна цена
објавено 24. септември 2021
Само шест дена нé делат од премиерата на долго очекуваното продолжение на 007 каде снаодливиот агент учествува во брканици во кои се вмешани моторцикли. И тоа не било кои, туку Triumph, кој го користи моментот за Bond издание ограничено на 250 копии. Изборот падна на Tiger 900 Rally Pro. Како и 1200 Scrambler, ендурото настапува во некои сцени од „Нема време да умрам“.

Купувачите на специјалниот модел ќе добијат Tiger 900 Rally Pro обоен во матирана сафирно црна боја со ексклузивни 007 исписи. Секоја копија се испорачува со нумериран рачен држач на кој е врежан индивидуалниот сериски број. Tiger 900 Rally Pro Bond Edition доаѓа со сертификат за автентичност, дополнителен сет теренски пневматици и загревано седиште. Кој сака да биде дел од колекционерската прикаска ќе треба да изброи околу 20.000 евра.

Cе примаат нарачки од целата планета, па треба да се побрза со плаќањето и забави со очекувањата. Сите 250 примероци на ова издание ќе биде достапни од јуни следната година.


