Triumph – Thruxton RS

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Во знак на „стотката“!

Клубот на несекојдневни џентлмени доби нов член

Потсетувањето на минатото буди спомени што не бледеат со децении. Треската да се достигне магичната „стотка“, ама во миљи, ги тресе моторциклистите од раните педесети на минатиот век, кога „дотерувањето“ на моторциклите станало посебна култура во Велика Британија. Triumph со специјалното издание Thruxton RS наредната година ќе им понуди на купувачите ентузијазам и елан од друго време завиткан во модерна интерпретација.

Дво цилиндерскиот мотор од 1.200 кубни сантиметри испорачува 105 КС кои се под електронски надзор за контрола на тракцијата. За вистинските поклоници на една поинаква мото-култура тоа и не е најважниот податок. Поважни се изгледот и детаљите. Бројката 100 на предниот калник и капакот на задното седиште на посебното издание се однесува и на 1969 година, кога Малколм Апхил го извозе првиот круг со Thruxton 500 во неговата победа во класата на сериски моторцикли на легендарниот Ајл оф Мен со просечна брзина поголема од 100 милји на час!

Thruxton Ton Up има класично инспириран резервоар за гориво офарбан во Егејска сина боја со црни инсерти врамени со рачно обоена сребрена облога. Навлаката на седиштето е украсена со бројката 100 и дизајнерски елементи во карневалски црвени и црни украсни линии. Страничните капаци имаат специјално лого Ton-Up, а куќиштето на фаровите и задниот дел се обоени црно исто како  тркалата, капаците на моторот и пружините. На репертоарот во изложбените салони ширум Европа треба да се појави во текот на престојниот февруари.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER