Triumph – Електричен мотоцикл на повидок

Моторцикли Поглед во иднината

Тивок Триумф

Triumph ја заврши втората фаза од развојот на електричен моторцикл.

објавено 24. март 2021

Уште еден силен удар , по оние на Harley Davidson, добиваат традиционалистите од Британија. Марката позната по своите вон сериски модели и трицилиндерски високо литражни мотори во блиска иднина ќе понуди електричен моторцикл. Заедно со партнерите во развојот на електричниот погон и батеријата, одделението на Williams за напредно инженерство, завршена е првата половина од проектот ТЕ-1. За сега сите термини се одвиваат според планираното вклучително и прототипот на батеријата и погонот. Во однос на перформансите, ефикасноста и опсегот, се вели дека сегашните репери се далеку надминати. Во  третата фаза, Triumph TE-1 ќе го добие својот прв прототип.