Трамп не се шегува – со сувото гори и суровото

Трамп не се шегува – со сувото гори и суровото

Администрацијата на САД ги завршува подготовките за воведување царина за европските автомобили
Објавено на 28 јуни 2018 година

Кој што и да мислел, згрешил – претседателот на САД Доналд Трамп не се шегуваше кога споменуваше царина за европските автомобили. Раководена според неговите директиви, администрацијата на САД ги завршува подготовките за воведување на оваа давачка. Што ќе значи не треба да се коментира – колку и да е учеството на засегнатите производи скромно бидејќи дел од нив се произведуваат токму таму, сепак тоа ќе значи нарушување на една одамна и тешко постигната рамнотежа. Аналитичарите кои по правило се поларизирачки поделени, за ова се едногласни – сметката на крајот ќе ја платат Американците. Но Трамп верува дека токму висина на сметката ќе ги одврати од воспоставеното правило секој натпросечно успешен поединец да вози скап европски автомобил. А како под европски во овој случај се подразбира германски, тогаш многу работи се јасни. Имено, додека САД во минатото ја развиваше својата потрошувачка и воена индустрија, Германците се стремена кон врвните машински достигнувања. Работата дотолку се разслои што веќе никој не поставуваше прашање за конкурентноста – едноставно американските и германските производи, во овој случај возилата, толку се разликуваат што не може да се споредуваат.

Сепак Трамп мисли поинаку. Тргна решен да ги измеша картите, но сега се одлучи да ја смени играта. Кој ќе ќари е вистинското прашање, на кое не се заѕира одговорот – засега се знае само кој ќе изгуби, а тоа е најмногу германската премиум тројка преку продажбата на своите скапи модели таму. Но ќе настрадаат и други – на пример Honda Civic хечбек, која од оваа генерација се произведува во Англија за цел свет. Како рекле старите, со сувото гори и суровото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER