Toyota Tacoma – Четврта генерација американци

Кралот на средните пикапи

Јапонските производители длабоко имаат навлезено во сите категории возила на американскиот пазар освен меѓу пикапите каде продажбата отсекогаш била во рацете на домашните марки.

Со еден исклучок – апсолутен владетел во класата средно големи пикапи веќе долг низ години е Toyota Tacoma. Сега во својата четврта генерација, тој е подготвен да продолжи да ја пишува успешната приказна чиј протагонист е веќе три децении. Американскиот еквивалент на HiLux уште од својата прва генерација е развиван повеќе да биде возило за лична употреба отколку за работа.

Со акцент на комфорот во возењето и леснотијата во ракувањето за сметка на издржливоста и товарните својства, овој пикап веднаш привлече голем број купувачи. Продажбата континуирано растеше и последниве пет-шест години доста стабилно се движи околу четвртина милион примероци, што е скоро тројно повеќе од најблискиот конкурент.

Заслуга за тоа секако има широката понуда – идната четврта генерација поставена на нова шасија заедничка со Tundra ќе се нуди со две кабини, три мотори изведби, осум пакети опрема, погон само на задните или сите четири тркала и уште многу други опции.

Пократката кабина е наменета за оние на кои Tacoma ќе им служи за работа – место помошни седишта назад има простор за товар кој може да се заклучи. Во комбинација со двојната кабина со четири седишта ќе може да се добие со товарен сандак со две должини. За задвижување ќе се користи нов 2,4 литарски турбо бензинец.

Основната верзија располага со 228 коњски сили, а посилната со 270 односно осум повеќе ако место со шестстепен мануелен е спарен со осумстепен автоматски менувач. Најмоќната верзија пак, хибридизирана со електромотор сместен меѓу агрегатот и трансмисијата добива уште 48 коњи и ги има вкупно 326.

Механичките подобрувања не застануваат тука – на сите тркала се монтирани диск сопирачки, серво управувањето е електрично, а кај патнички ориентираните верзии ослонувањето назад е мултилинк со спирални пружини. Кога сето ова ќе се спакува во атрактивен дизајн и со богато опремен ентериер и тоа по цена која ќе се движи околу триесетина илјади долари, јасно е зошто Toyota Tacoma две децении е неоспорен шампион во продажбата во својата класа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER