Toyota – C+pod

Поглед во иднината

Јапонски одговор на Ami

C+pod Ultra-Compact Battery Electric Vehicle

објавено 29. декември 2020

Тoyota планира да промовира воспоставување системи за популаризирање на електричните возила со батерија (BEV), вклучително и развој на нови деловни модели и да спроведе лансирање во целосна флота, наменета и на индивидуални клиенти до 2022 година.  Новиот C + pod е еколошки двосед дизајниран како опција за мобилност што ја подобрува енергетската ефикасност по лице. Покрај секојдневната употреба на кратки растојанија, C + pod е насочен и кон корпоративни корисници кои редовно ги посетуваат клиентите и кон корисниците во урбаните или планинските заедници на кои им се потребни безбедни, неограничени и еколошки опции за превоз.

За да се поттикне понатамошно популаризирање на BEV, Тoyota ја проширува својата палета производи и формира отворени соработки додека работи на градење нови деловни модели. Во Јапонија, фокусот е на C + pod, со повеќе од 200 корпоративни и локални владини партнери вклучени во истражувањето на нови модели на превоз. Како еден од овие напори за соработка лансирањето на C + pod ќе демонстрира нови услуги специфични за BEV. Една од тие услуги е Тoyota green Charge, заеднички проект развиен со Chubu Electric Power Miraiz Co. за да понуди единствена точка за контакт за корпорациите кои бараат поддршка при изградбата на оптимални капацитети за полнење. Во ова се вклучени развој на планови за електрична енергија за BEV, како ”Моќност без СО2”. Услугата ќе се спроведува заеднички во соработка со три најмоќни јапонски компании за енергетика. Другите услуги во планирањето вклучуваат услуга за споделување електрични возила што комбинира туристички информации со „Toyota Share * 4 услуга за споделување автомобили за промовирање разгледувања и екскурзии. Многу слична идеја на електрификација на градскиот личен превоз лансира Citroen со иновативниот Ami кој е евтина и практична солуција. Несомнено дека овој сегмент ќе расте. Засега повеќето производители не се изјаснуваат, но со симпатија гледаат на вакви солуции поради намалувањето на јаглеродниот отпечаток на целата гама возила.