Toyota Corolla Sedan :: Враќање на легендата

Враќање на легендата

По враќањето на името Corolla на европскиот пазар, Toyota ја враќа и нејзината седан изведба која досега се продаваше само во медитеранските земји
Објавено на 17 ноември 2018 година

Но отсега со нејзината 12-та генерација, Corolla Sedan ќе биде достапна секаде низ светот. Поточно во преку 150 земји, кои ќе се освојуваат почнувајќи од идната пролет. Покрај Европа први на списокот се Соединетите Американски Држави и Кина, каде новиот модел најпрво беше претставен. Од таму пристигнаа вестите за хибридната варијанта, која ќе биде најсилниот адут за купувачите на Стариот Континент. Како што рекоа од Toyota, новата лимузина е наменета за помладите професионалци кои сакаат престижен стајлинг комбиниран со супериорен комфор. Затоа и европската Corolla се разликува од верзиите наменети за другите пазари. Заеднички им е автентичниот дизајн кој потсетува на хечбек и караван варијантите. Со доста изразените остри линии однапред изгледа агресивно, додека задниот дел е вообичаено конзервативен. Поставена е на веќе познатата глобална архитектура која овозможува поголем простор и подобри возни својства. Преминувањето на новата платформа ѝ донесе пониско тежиште, за 60 отсто поцврста каросерија и мултилинк задно ослонување. Без оглед на пакетот опрема, Corolla Sedan стандардно ќе биде опремена со Toyota Safety Sense технологијата. Таа меѓу другото вклучува и автоматски долги светла, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци, пешаци и велосипедисти, како и систем за автоматско сопирање во случај на опасност.

Европската гама ќе се состои од само две моторни изведби. Задржан е 1,6 литарскиот бензинец со 132 коњски сили, кој ќе биде на располагање со 6-степена мануелна или континуирана  трансмисија. Поинтересен ќе биде 1,8 литарскиот хибрид со вкупно 122 коњи, чија потрошувачка е декларирана на 3,4 литри на 100 километри. Посилниот хибрид и 1,2 литарскиот турбо мотор од хечбекот и караванот во овој момент не се споменуваат. Како и досега, новата Corolla Sedan за Европа ќе се произведува во Турција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER