Toyota – Повторно го намалува планот за производство

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

И покрај напорите да го зголеми производството во текот на летото, најголемиот светски производител на автомобили рече дека постојаните проблеми во синџирот на снабдување ќе го принудат да го намали својот план за производство за 100.000 возила во октомври и за 50.000 во ноември. Toyota се бори да го надомести изгубениот обем од претходните месеци и планираше од септември до ноември, да произведува 900.000 возила месечно. И покрај проблемите менаџментот се држи до својот план да произведе 9,7 милиони возила од марките Toyota и Lexus во тековната фискална година која завршува во март.

На домашниот пазар во Јапонија, забавувањата ќе влијаат на производството на 10 линии во седум фабрики. Засегнатите модели се RAV4, Camry, Crown и GR Yaris. Недостатокот на чипови исто така ќе го намалат производството на Lexus вклучувајќи ги LC, IS, RC, ES и CT, како и кросоверите Lexus UX, NX, RX и GX. Во јули, последниот месец за кој се достапни бројки, глобалното производство на Тојота падна за 6,9 отсто на 835.192 возила. Производството во Јапонија е намалено за 25 отсто, додека операциите во странство се зголемени за 7,7 отсто.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER