Toyota го освежи Yaris Cross

Скромни измени и нова хибридна верзија

Три години по појавувањето, Toyota со освежи Yaris Cross за подобро да се бори со конкуренцијата во сегментот преполн ривалски субкомпактни кросовер модели

Внимателно и добро обмислено, Toyota го освежи малиот кросовер кој и покрај своите недвосмислени квалитети не успеа солидно да се наметне кај купувачите. Измените на надворешноста се скромни и го опфаќаат само најскапиот пакет опрема, а во внатрешноста срамежливо се додадени нови материјали. Најголемата измена се виртуелните инструменти кои во зависност од нивото на опрема доаѓаат во две големини, исто како и екранот на мултимедијалниот систем на кој му се одадени нови функции. Додадени се и нови материјали за акустична изолација, а најинтересни за купувачите ќе бидат електронското отклучување со помош на телефон, како и новата хибридна верзија. Атмосферскиот мотор од 1,5 литри е истиот како и кај сегашната верзија, но со новиот електромотор испорачува 132  коњски сили. Нова е и управувачката електроника, а досегашната  верзија од 116 коњи ќе остане иста. Сетот електронски асистенти е обновен а во понудата и понатаму ќе биде и обичниот Yaris Cross без хибридна поддршка и со 125  коњски сили.

За колку ќе бидат корегирани цените и кога ќе започнат испораките засега не е објавено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER