Toyo Tires со „Outlet sale“

Македонија

Toyo Tires со „Outlet sale“

Месецот што изминува е одлична прилика за подновување со Toyo Tires пневматици

Објавено на 19 февруари 2019 година

Еуроимпекс им порачува на сите на кои им се потреби пневматици со висок квалитет, ново соединение на нагазната површина изработено исклучиво од силикон, подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, да се обратат во нивните два салона во Скопје каде за своето возило ќе најдат Toyo Tires пневматици по специјални „ Outlet sale“ цени. Како пример ги наведуваат Proxes CF2 моделот кој вистински избор за возачите кои бараат високи перформанси и безбедни пневматици за средни и високо-моќни возила, или пак моделот Nano Energy 3 кој е одличен избор за возачите на компактните возила и оние од средната класа кои бараат ефикасност при потрошувачка на гориво и долг век на траење на пневматиците. Тој истовремено е пневматик чие производство е пријателски наклонето кон околината и има перформанси кои одржуваат високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри. Од понудата на зимски пневматици ги издвојуваат Snowprox S953 и S954 кои нудат доверливо сопирање и држење за подлогата на влажни и покриени со снег патишта, секогаш овозможувајќи ви безбедно и комфорно чувство на возење.

Еуроимпекс во својата „Outlet sale“ понуда вклучува поголем избор на летни и зимски пневматици со бесплатна монтажа и балансирање од повеќе димензии.

клучни зборови: