Toyo Tires со одлична зимска понуда
Еуроимпекс за сите возачи подготви зимска понуда на гуми Toyo Tires со можност за плаќање на рати
Објавено на 13 ноември 2019 година
Зимата уште не дошла, но совесните возачи уште сега се подготвуваат за неа. Во тоа ќе им помогне новата понуда која Еуроимпекс ја подготви за сите нив – сет од 4 зимски гуми од јапонскиот бренд Toyo Tires со акциска цена и можност за плаќање на рати. На располагање се гуми со висок квалитет, со ново соединение на нагазната површина кое нуди подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, како и нивни продолжен век на траење. Сите Toyo Tires гуми без разлика дали се наменети за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off-road гумите за екстремни теренски услови секогаш овозможуваат безбедно и комфорно чувство на возење, високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри. Затоа и Еуроимпекс во своите два салона на булевар Трета Македонска Бригада 72 и улицата Скупи број 3а во Скопје, повикува на брза реакција бидејќи количините се ограничени. За повеќе информации посетете www.toyo.mk.