Toyo Tire го сели своето европско работење во Србија

Две години откако ја отвори фабриката во војводинска Инѓија, Toyo Tire одлучи целото свое европско работење да го пресели во Србија

Јапонскиот производител основа нова компанија која од почетокот на идната година постепено ќе ги презема обврските на сите подружници на компанијата во Европа, почнувајќи од централата во Германија. За почеток од Србија ќе се раководи со продажбата и маркетингот, а подоцна таму ќе се развиваат и новите производи. Паралелно со тоа ќе бидат затворани претставништвата  на компанијата во Холандија, Италија и Велика Британија со што од Србија ќе се управува со целосниот европски бизнис на Toyo Tire. Дури и повеќе бидејќи фабриката во Инѓија произведува пневматици и за американскиот пазар кој за компанијата е најзначаен.

Инвестициите на Toyo Tire во Србија достигнаа скоро 400 милиони евра. Фабриката која вработува околу 600 луѓе има капацитет за производство на пет милиони пневматици годишно. Во склоп на неа се наоѓа и тест патека долга 1.690 метри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER