Денеска е роденден на Golf – Пред точно 50 години, Volkswagen започна со серискотo производство во Волфсбург

На тој 29-ти март 1974 година никој не претпоставуваше дека новородениот компактен автомобил, наследникот на легендарната Буба, ќе стане најуспешниот Volkswagen и најпродаваниот европски автомобил на сите времиња.

 

Golf го одразуваше духот на времето, го даде своето име на сопствената класа на возила и придружуваше генерации луѓе ширум светот. До денес, повеќе од 37 милиони примероци ja продолжија приказната на првиот Golf во вкупно осум генерации. Или, кажано поинаку,  во последните 50 години, секој ден повеќе од 2.000 луѓе ширум светот се одлучиле да купат нов Golf.

Првите примероци на Golf можеа да се видат во салоните на дилерите во јули 1974 година. Развиен од Џорџето Џуџаро и Фолксваген Дизајн, мораше да ги исполни високите очекувања за да ја продолжи успешната приказна за најуспешниот автомобил на сите времиња до тогаш Фолксваген Буба. За само две години од почетокот на продажбата Golf ја достигна границата од еден милион продадени примероци.

Фабриката во Волфсбург работеше со полн капацитет и до денеска таму се произведени повеќе од 20 милиони единици а останатите 17 милиони се произведени во други германски погони, како и во Белгија, Бразил, Кина, Малезија, Мексико, Словачка, Јужна Африка, па дури и во Југославија.

И во оваа смисла, Golf е светски автомобил. Во годината кога го прославува својот 50 годишен јубилеј, миленикот на народот, доби еволутивната фаза на осмата генерација.

Тој импресионира со инфозабавниот систем од следната генерација, поинтуитивен оперативен концепт, поостриот преден и заден дизајн, како и ефикасни системи за возење. Тие вклучуваат plug-in хибридни погони со зголемен досег на целосно електрична енергија од значително повеќе од 100 километри. На поклониците на Golf  тоа им дава голема надеж дека тој нема да стане жртва на електричната ера и ќе продолжи и понатаму да плени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER