Ништо не зборува подобро како куп пари

Tesla со 29 милијарди долари го „замоли“ Илон Маск да остане во компанијата

Откако Илон Маск започна да прави излети во политиката Tesla доживува тешки моменти заради што управниот одбор на компанијата започна да бара начин како да го натера да се фокусира на неговата улога како извршен директор. А за тоа не мораше многу да се мислат иако им требаа неколку месеци – ништо не зборува подобро отколку куп пари. Тие во овој случај се 29 милијарди долари доделени во акции како замена за ветувањето дека Маск ќе остане на чело на Tesla најмалку уште наредните две години. Но тоа нема да биде сé – во ноември се очекува да се изгласа долгорочен план за исплата на Маск како извршен директор во следниве пет години, кој се очекува да му донесе и поголемо право на глас во одлучувањето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER