Игри без граници
Кога станува збор за електрични возила се е можно и сите опции се отворени…
објавено 17. декември 2020
Пристигна веста дека првите 200 примероци на кинеското електрично возило Seres 3 пристигнаа во Европа и тоа наменети се за пазарите во Германија, Холандија и Белгија. Тоа се случи кога Федералната канцеларија за економија и контрола на извозот на Германија даде зелено светло за кинескиот производител. Можеби на оваа одлука помогна што основачот на Tesla, Илон Маск и неговиот поранешен извршен директор Мартин Еберхард се дел од заедничките вложувања во Кина. Seres 3 по одземање на сите опции за финансирање нуди привлечна цена за нај високото ниво на опременест ”Луксуз” за помалку од 30.000 евра. Според новиот циклус WLTP, опсегот е 329 километри. Електричниот мотор што ја движи предната оска развива 163 КС. Seres 3 има технологија на батерии што се користи и на моделот 3 на Tesla. Литиум железо фосфатната батерија од 53,6 kWh треба да има век на траење од најмалку еден милион километри. Батериите можат да се полнат од 20 до 80 проценти за половина час користејќи го системот CCS, а декларирана потрошувачка е 18 kWh на 100 километри. Опремата вклучува 10,25 инчен дисплеј на допир за системи за инфо-забава и навигација, дигитален инструмент табла со иста големина, камера од 360 степени, панорамски покрив и многу системи за удобност и безбедност.



