1,1 милион возила на сервис!
За време на тестирањето на сообразноста на производството спроведено минатиот месец, Tesla откри проблем со електричните прозорци на сите модели што ги произведува. Перформансите на системот за автоматско кревање на прозорците има поголеми варијации од очекуваното што го зголемува ризикот од повреда. Tesla утврди дека перформансите во резултатите од тестот ги надмина барањата на федералниот стандард за безбедност на моторни возила, па затоа компанијата беше принудена да издаде повик за корегирање на недостатокот. Вкупно 1.096.762 возила се засегнати почнувајќи од моделските години од 2017 до 2022 година а најмногу од нив Model 3, околу 900.000 примероци. Остатокот е составен од Model S и Model X. Салоните и сервисните центри на Tesla се веќе известени за оваа акција, додека клиентите ќе бидат известени по мејл на 15 ноември.