Tesla – До крајот на годината на хормони

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Две изведби со 1000 коњи!

Тесла во Европа ќе ги претстави „мускулозните“ верзии на ModelX и Model S кои ја носат наставката Plaid. И двете имаат моќност од 750 kW (1020 КС) и забрзуваат до 100 km/h за 2,1 секунда, односно половина секунда подолго, а максималната брзина се вели дека е 322 km/h или 262 km/h. Кај овие изведби направена е најобемната ревизија на моделите претставени во 2013 и 2016 година. Меѓу другото, тие добиваат нов ентериер и нова шасија како и новиот погон со високи перформанси со ротори обложени со јаглерод. Тесла проценува опсег од над 500 километри за Model X Plaid и 600 километри за S Plaid. Електричниот пионер, пак, е поконкретен кога се во прашање цените. Tesla Model S Plaid во Германија би требало да чини 137.990 евра, X е поскап за 3000 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER