Новата вонредна ситуација најавува тешка година за жилавата авто индустрија.
Додека ситуацијата со глобалната пандемија се смирува, се отвораат нови предизвици што треба да се надминат. Недостатокот на полупроводници и чипови ги мрсат конците на сите производители на возила. Сега се јави нов проблем за оние од Германија. Поради воените дејствија во Украина, тамошните фабрики задолжени за хранење на производството на германската индустрија за возила, не се во состојба да ги транспортираат веќе изработените компоненти. Тоа јавува прекин во испораката на клучни делови, па монтажните ленти веќе го забавуваат темпото, а некои се на принуден одмор. Дури и пред овие најнови неуспеси во синџирот на снабдување, производителите на автомобили беа принудени да го ограничат производството во текот на изминатата година поради хроничен недостиг на компјутерски чипови. Предвидувањата не се оптимистички и можно е годинава, поради перманентниот кусок на полупроводници, во светот да се произведат помалку автомобили отколку лани. Тоа, за жал, ќе се случи со германските марки бидејќи на плеќи им е ставена и украинската криза…


