Tata Punch – Допадлив и многу евтин

Со голема помпа Tata Motors ја претстави редизајнираната верзија на својот најмал кросовер Punch кој сега располага со посериозно лице, повеќе технологии и турбо бензински мотор.

Новиот сосема пристоен и модерен изглед е добиен со поделените светла и масивниот браник со нагласени пластични заштити напред, додека хоризонталната ЛЕД лента назад се протега преку целиот багажник.

Иако со скромни димензии изразени преку должината од 3,83 метри, Punch располага со сосема солидни теренски способности – клиренсот од 19 сантиметри и тркалата од 16 инчи му овозможуваат да прегази вода длабока 40 сантиметри. Внатрешноста која не го крие евтиниот карактер е функционална и опремена над очекувањата.

Доминира екранот од 10,25 инчи од инфозабавниот систем а и инструмент таблата е дигитална. На списокот опрема се среќаваат камера од 360 степени, панорамски покрив, безжично полнење мобилни телефони но и шест воздушни перници. Најголемиот новитет се крие се под хаубата – 1,2 литарскиот турбо мотор со своите 120 коњски сили спарен со шестстепен менувач го прави овој мал теренец доста жив.

Punch во основната верзија доаѓа со атмосферски агрегат со 88 коњски сили а се нуди и во варијанта со погон на авто-плин. И ако според сето набројаното споредбата со некој сличен европски или корејски модел изгледа можна, цената прави таа да биде неверојатна – стартува од 5.300 евра додека најскапиот модел чини округли 10.000 евра.

Затоа и Tata Motors од овој модел кој постои и во електрична изведба продава и по двесте илјади примероци годишно. Мистерија е зошто во Европа имаме повеќе од 30 авто-производители, а нема вакви модели?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER