Tata Motors сака да земе 25% од индијскиот пазар на ЕВ!

Индија не е меѓу предводниците на електрификацијата, но сепак има свои идеи за иднината.

Во перспективата на Tata таа ќе се состои од осум електрични модели планирани за лансирање до 2025 година, меѓу кои еден ќе биде и неодамна претставениот купе-кросовер со чудно склопено име Curvv. Футуристичкиот изглед е дело на сопственото развојно одделение во кое Индијците во последните години вложуваат големи средства. Одлика на петвратната каросерија со спуштен покрив назад и врати без рамки на стаклата се чистите површини и динамичните линии. Моноволуменскиот облик е облагороден со софистицирани триаголни LED главни светла сместени на аглите на браниците и осветлена лента за дневно возење. Внатрешноста делува пространо и е неочекувано модерна за индиски автомобил. Во неа се наоѓаат минималистички хоризонтален преден панел и два невешто поставени дисплеја за инструмент таблата и мултимедискиот систем. Седиштата се футуристички обликувани, управувачот е со две пречки и осветлено лого а копчињата на централната конзола се чувствителни на допир. Овој автомобил треба да биде поставен на платформа развиена само за електрични погонски системи. Таа може да користи два електромотора по еден на секоја оска, а за автономијата се наведуваат некои 500 километри. Постои можност да биде лансирана и бензинска верзија на овој купе-кросовер која ќе изгледа исто но ќе има сосема друга механичка основа. Кога треба да пристигне на пазарот не е објавено, но тоа сигурно нема да биде пократко од две години. Tata планира до 2026 година да учествува со 25 отсто на индискиот пазар на електрични возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER