Suzuki Vision GT Concept – Родстер со хибриден погон и мотор од Hayabusa

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Како за видео игра

Искуството што го има Suzuki во правење возила на две и четири тркалае големо. Двете гранки од истото стебло повеќепати се препретувале во разни прилики, а сега за потребите на седмата надградба на познатата видео игра Gran Turismo. Дигиталниот концепт претставува родстер изработен од лесни материјали, има погон на сите тркала кого го храни моторот на легендарниот мотоцикл Hayabusa во содејство на уште три електро мотори. Познавајќи ја претпазливоста на Јапонците може да си дадеме за слобода ова да го интерпретираме на поинаков начин. Секоја чест на забавата и виртуелното, но од самиот дизајн може да се препознае силното влијание на Swift. Проткаена каросеријата со LED светла, масивни браници и дифузори личи на следната генерација на суб-компакти на Suzuki. Двете централно поставени издувни цевки го издаваат дека не е електричен модел. Во спецификациите наведени во видео играта се наведува дека четири цилиндерскиот бензински мотор од 1.340 ццм е монтиран зад кабината и работи со трио електро-мотори, два на предната и еден на задната оска. Покрај погонот на сите тркала оваа комбинација создава 432 коњи и 610 Nm вртежен момент кои со секавични перформанси го катапултираат родстерот тежок само 970 килограми. Додека од Suzuki мудро молчат и немаат никаков коментар за Vision Gran Tourismo  Concept,  од инженерски аспект имаат капацитет тоа да го реализираат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER