Suzuki – Во Токио со неколку новитети

Покрај новиот Swift, деби ќе имаат електричниот кросовер eVX и концептот eWX

Suzuki ја објави својата постава за Japan Mobility Show 2023 со неколку изненадувања. Најважните меѓу концептите што се пред реализација е новата генерација на Swift кој се очекува следната година, и целосно електричниот теренец eVX најавен за 2025 година.

Финалната верзија на новиот Swift, можеби изгледа познато во однос на стилот и пропорциите, но всушност е целосно нова генерација. Повнимателниот поглед ја открива целосно редизајнираната каросерија со повеќе кривини, решетка со саќе и нови LED фарови. Од Suzuki велат дека новиот Swift е развиен со фокус на внесување забава во секојдневниот живот на сопствениците. Како и неговиот претходник, моделот ќе доаѓа опремен со низа ADAS.

Под хаубата на новиот Swift ќе има „високоефикасен“ мотор со непозната зафатнина. Тоа би можело да биде подобрена верзија на благиот хибриден 1,2-литарски бензински мотор кој го напојува сегашниот модел. Продажбата започнува во Јапонија вгодина, а потоа следат останатите пазари. Не е познато кога би дошол во Европа.

Suzuki eVX Concept која првично беше претставена во јануари годинава е електричен компактен кросовер за глобалните пазари. Генерално, новиот концепт изгледа поблиску до сериската верзија која ќе дебитира во 2025 година, иако се очекува финалниот модел да биде уште поостар.

Во однос на спецификациите, Suzuki уште еднаш ги потврди димензиите, на eVX. Тој ќе биде долг 4,3 метри, долг 1,8 и широк и 1.6 метри висок. Би требало да има автономија од 500 km. Целосно електричниот кросовер ќе ја содржи најновата еволуција на електронски контролираната технологија на Suzuki 4×4 и се очекува да биде опремен со батерии од 60 kWh.

Suzuki нема да застане на ова. Во Токио вклучува возила кои се блиску до производството. Концептот eWX е мини караван на струја со футуристички изглед со должина од 3.4 метрии предвидена автономија од 230 км. Колку од овие модели ќе дојдат во Европа останува да видиме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER